Осуденик претепан во Издризово

Осуденик од тетовско Јеловјане од затворот Идризово вчера бил физички нападнат од двајца осуденици од Скопје, соопшти МВР.

Повредениот бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје од каде по укажаната лекарска помош, повторно бил вратен во КПУ Идризово.

– Вчера во 15:33 часот во Полициската станица Гази Баба од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека истиот ден околу 06:30 часот во установата осуденикот А.А. (27) од с.Јеловјане, тетовско, според пријавеното, бил физички нападнат од други двајца осуденици Т.Е. (32) и М.Ш. (50) двајцата од Скопје, посочуваат од МВР во дневниот билтен.

Од МВР посочуваат дека бил извршен увид од ПС Гази Баба и дека се расчистува случајот.

Back to top button
Close