Осуммина малолетници запалиле оган на балкон од тетовската болница


Тетовската полиција ги идентификувала лицата кои вечерта на 23 октомври околу 19 часот запалиле оган на балконската просторија пред кабинетот за физикална терапија во тетовската Клиничка болница предизвикувајќи општа опасност.По преземени повеќе оперативни мерки Секторот за внатрешни работи Тетово, МВР соопшти дека станува збор за осуммина малолетници од Тетово, на возраст од 13 до 16 години.

„По извршениот увид, а во присуство на нивните родители, извршени се службени разговори со сите нив и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци“,посочија од тетовската полиција.

Back to top button
Close