Откриен ископан тунел за бегство во затворот „Идризово“

Тунел ископан во скопскиот затвор Идризово е откриен од затворските власти.

Претставници на повеќе надлижни институции се на терен и постапуваат во врска со случајот, па затоа во текот на денот се очекуваат и повеќе официјални информации, информирале од Управата за извршување санкции за 360 степени.

Дел од медиумите повикувајќи се на свои извори, неофицијално објавија дека тунелот бил откриен денеска наутро во акција на затворската полиција насочена кон спречување на можни обиди за бегство на осудени лица.

Неофицијално, во акцијата е откриен ископан тунел во должина од околу 60 метри. Недостасувале уште неколку метри за да се дојде до главниот преграден ѕид на затворот. Според првичните неофицијални информации, тунелот бил добро осмислен, а .осветлувањето било решено со пуштен кабел со светилки.

Извор: инфомакс

Back to top button
Close