Откриена причината зошто Панчев не се појави синоќа на мечот Вардар – Црвена Звезда, починал неговиот брат


Еден од најзаслужните што се одигра хуманитарниот натпревар Вардар – Црвена Звезда, Дарко Панчев, го немаше на Арената „Тодор Проески“ и многумина се чудеа зошто е тоа така.

Панчев заедно со Илија Најдоски ја добија идејата за ваков меч во чест на настраданите во Кочани и беа мостот помеѓу двата клуба. Но, „Златната копачка“ од 1991 година го немаше на стадионот, а причината е смртта на неговиот брат.

Сепак, делегација на Ѕвезда предводена од Звездан Терзиќ не пропушти прилика да се сретне со Кобрата и отидоа кај него дома.

Back to top button
Close