Ова се 50-те најдобри пицерии во Европа, без италијанските ресторани

Во Мадрид минатата недела беше објавена листата на 50 најдобри пицерии во Европа, која од година во година привлекува сè поголемо внимание кај љубителите на пицата. Посебноста на ова рангирање е што во него не се вклучени пицериите од Италија, со што фокусот е ставен на останатиот дел од Европа.

Листата „50 Top Pizza Europe“ има цел да ја истакне развиената пица-сцена надвор од Италија и да им даде простор на нови и помалку познати гастрономски дестинации.

И годинава, лондонската пицерија Napoli On The Road го задржа првото место, освојувајќи ја титулата најдобра пицерија во Европа трета година по ред. Меѓу највисоко рангираните повторно се најдоа и познатите 50 Kalo и Via Toledo од Виена.

Од регионот, единствена хрватска пицерија на листата е загрепската Franko’s, која е дел од рангирањето од 2021 година. Нејзиниот најдобар пласман беше во 2024 година, кога се најде на 14. место, додека годинава е рангирана на 20. позиција.

На листата и во придружните категории се најдоа и пицерии од соседството, меѓу кои белградската Majstor i Margarita, како и Pizzeria di Karpuzzi, која доби признание во категоријата „Excellent Pizzerias“. Признанија добија и неколку пицерии од Загреб, што покажува дека регионалната гастрономска сцена бележи континуиран напредок.

Листата може да послужи како корисен водич за сите што планираат гастрономски патувања низ Европа, особено во пресрет на летната туристичка сезона објави Скопје1.мк

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close