Јован Костадинов од Виница влегол назад во огнот во Кочани и спасил повеќе деца
Јован Костадинов од Виница е вистинки херој кој за време на пожарот во дискотеката “Пулс” во Кочани, ги спасил животите на повеќе дете од клубот.
Мајка на едно од повредените момчиња, Јадранка Бреслиева, се огласи на социјалните мрежи и ја сподели приказната за момчето херој.
– Со голема благодарност и емотивна почит, би сакал да го споделам херојскиот чин на Јован Костадинов од Виница, кој не само што ги спаси животите на 21 деца во трагичната несреќа во ноќниот клуб во Кочани, туку го спаси и мојот син. Во најтемните моменти на паника и хаос, кога сите беа збунети и во страв, Јован се појави како светлина на надеж. Без да размислува, го зеде мојот син кој беше под рушевините на дискотеката и го носеше на својот грб низ огнот и чадот, се до болницата во Кочани, со цел да го спаси, додека сите наоколу бегаа и се бореа за својот живот, напиша мајката.
– Јован на тебе ти го должам новото утре, новата насмевка, новата надеж и новиот живот на мојот син. За тебе нема зборови кои можат да го искажат моето благодарност и почит. Благодарност од дното на срцето. Ти ми го даде најголемиот подарок што може да го добие една мајка, го спаси животот на моето дете. Ти ќе останеш засекогаш во моите молитви и во нашите срца, напиша таа.