Јовановска до Ѓорѓиевски: Дали советниците на ВМРО-ДПМНЕ намерно го саботираа Советот во претходниот мандат, за ова да се прикажува како најуспешниот квартал?

t

Советничката на Левица во Советот на Град Скопје, Катерина Јовановска, упати критики кон градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, обвинувајќи го дека се фали со проекти кои не се резултат на неговата сопствена работа, туку се започнати од претходни градски администрации.

Јовановска реагираше на изјавите на Ѓорѓиевски дека актуелниот период е „најуспешниот квартал“ за градот Скопје, прашувајќи кои капитални проекти реално се започнати и завршени во неговиот досегашен мандат.

„Скоро сите проекти кои сега ги промовирате се започнати од некој друг градоначалник пред вас, а дел од нив се реализираат речиси цела една деценија. Доколку советниците на ВМРО-ДПМНЕ не ги блокираа одредени одлуки во претходниот мандат, дел од овие проекти ќе беа завршени многу порано“, истакна Јовановска.

Таа додаде дека ваквата состојба отвора сомнежи дали во претходниот период намерно се кочеле одлуки во Советот, со цел актуелната власт денес да се претстави како единствен реализатор на капитални проекти.

„Ова не доведува до хипотеза – дали советниците на ВМРО-ДПМНЕ намерно го саботираа Советот во претходниот мандат, за сега да се прикажува дека ова е најуспешниот квартал“, праша Јовановска.

Таа порача дека јавноста заслужува јасни одговори и прецизна поделба меѓу наследени и навистина реализирани проекти во тековниот мандат на градската власт.

Back to top button
Close