Пациенти на возраст од 34 и 45 години ја изгубија битката со Ковид-19
Според податоците од Министерството за здравство, во изминатите 24 часа, починати се осум заразени од Ковид-19. Петмина од пациентите кои ја изгубија битката со вирусот се од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево
Меѓу починатите има и пациент на 34 и 45 години, а останатите се над 60-годишна возраст.
-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст 70 и 93 години. Во ГОБ „8 Септември“ починати се пет лица на возраст 34, 45, 78 и 87 години, а кај 62 годишен пациент, вирусот е потврден постмортем. Во Клиничката болница Тетово почина пациент на 78 години, информираат од Министерството за здравство.
Пред неколку дена на Инфективната клиника почина и 24-годишна девојка, заразена со корона вирусот.