Паднаa Фејсбук и Инстаграм: Илјадници корисници пријавуваат проблеми со апликацијата

Во некои делови од светот социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук не работи. Корисниците пријавуваат проблеми со апликацијата и веб-страницата.

На DownnDetecor повеќе од 200.000 корисници пријавиле проблеми

На корисниците на Фејсбук им се прикажува дека се одјавени од профилите и не можат повторно да се регистрираат, додека на Инстаграм не работи таканаречениот фид.

Паднати се и дел од сервисите на Гугл.

Според првичните информации, се работи за поголем глобален проблем на којшто во моментов се работи.

Не работи ниту апликацијата Месинџер.

Портпаролот на компанијата „Мета“, Енди Стоун, во објава на социјалната мрежа X напиша дека се работи на решавање на проблемот, не давајќи дополнителни информации.„Свесни сме дека луѓето имаат проблем со пристапот до нашите услуги. Сега работиме на ова“,

напиша портпаролот на компанијата „Мета“, Енди Стоун, во објава на социјалната мрежа Икс.

Back to top button
Close