Пахор: На Балканот и покрај билатералните проблеми има политичка волја да се зачува мирот

Претседателот на Словенија, Борут Пахор денеска во Белград изјави дека се согласиле со српскиот претседател Александар Вучиќ дека Западен Балкан, без оглед на сите недоверби и билатерални проблеми, има доволно политичка волја да се зачува мирот и европската перспектива.

Тој додаде дека постои можност сите лидери од регионот да се согласат за три прашања.

– Прво е Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија да ги забрзаат преговорите за влез во ЕУ, Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус до крајот на неделата, а ЕУ да ја исполни својата обврска за визна либерализација, посочи Пахор.

Претседателот на Словенија се осврна и на Дијалогот Белград – Приштина, истакнувајќи дека во моментот има помала доверба отколку претходно, како и оти дијалогот не довел до решение што сите го посакуваа.

Пахор посочи и дека ја поддржува иницијативата Отворен Балкан.

– Мислам дека проектот Отворен Балкан е создаден така што некои работи, доколку му се приклучат Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, проблемите кои сега изгледаат нерешливи полесно ќе се решат во духот на соработката, наведе Пахор.

Back to top button
Close