Пакет.мк достапен во Куманово, наскоро компанијата се шири низ цела Македонија  

Пакет.мк, најголемата платформа за онлајн купување во Македонија, стана достапна и во Куманово. Граѓаните на Куманово отсега преку Пакет.мк може да купуваат храна, намирници, производи за домот и градината, суплементи и производи од аптека, бебешки производи, играчки и детски аксесоари и уште многу други категории производи и да ги добијат нарачките на саканата адреса пред врата уште истиот ден.

„Проширувањето на нашата мрежа и достапноста на нашата услуга се должи на промената на потрошувачките навики и растечкиот тренд кај граѓаните за онлајн купување. Потребата од широк избор во категориите кои ги нудиме и можноста да ги добијат дома, пред врата, го прави Пакет.мк да биде изборот број еден за илјадници домаќинства во Скопје. Овој тренд се јавува како одговор на современото живеење, додека сигурноста во услугата, плаќањето и квалитетот на доставените производи е наш приоритет. Изборот на категории, точноста, брзината, грижата за корисниците и одличните цени секојдневно ја зголемуваат довербата на купувачите во Пакет.мк. Веќе пет години работиме на развој на системот во Скопје, создавајќи ја најголемата и најсофистицираната логистика за е-трговија во Македонија. Како резултат на ова, многу скоро услугата на Пакет.мк ќе биде достапна низ целата држава“, вели Драган Јосифовски, основач на Пакет.мк.

Пакет.мк е водечка е-продавница и најголема платформа за онлајн купување во Македонија. Сите производи нарачани преку Пакет.мк подлежат на посебна гаранција за квалитет и безусловно право на поврат. Пакет.мк има имплементирано највисоки стандарди за квалитет, а носител е и на беџот „Верификуван е-трговец”, од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) со кој се издвојува како регистриран правен субјект кој ги исполнува високите услови за обавување на дејноста е-трговија согласно законските прописи и светските стандарди во оваа индустрија.

Back to top button
Close