Палчо тврди дека не бегал во Турција туку одел по докази дека Гоце Делчев не е убиен од турскиот аскер туку од врховистите?!

Обвинетиот Палевски рече дека во судот и во Обвинителството приложил дијагноза од професорот Лозанче од 2020 година, кој констатирал дека кичмениот канал му бил стеснет и дека повеќе од 50 отсто од ‘рбетниот мозок му е под притисок. За таа дијагноза исклучиво требало оперативен зафат.

Тој рече дека две цедеа од магнетна резонанца од 2016 и од 2020 година не постојат во записникот за одземени предмети од него.

– Тоа беше една од причините во моето патување од 10 дена, а за медиумите бегство, добро брифирани од некои обвинители и од бриферот Јанаки Митровски, познатиот шарен револуционер. Втора причина за моето патување беше посета на воениот архив во Истанбул дека во селото Баница на 4 мај 1903 година немало аскер и дека Гоце Делчев не е убиен од турска војска, туку од врховисти. Тоа е од интерес и на Турција да се расчисти. Зошто сум гледал авиокарти од Минск и од Москва е поради мојата желба и намера да одам во Москва. Но не сум букирал карта, како што кажа обвинителката, ниту сум купил. Мојата желба не се реализирала, а на обвинителката ѝ е многу добро познато зошто. Бев да земам копија од новгородските ливчиња од јавната библиотека на Москва, да земам копија од најстариот документ издаден од партијата. Тоа беа причините за моето патување, за да се одморам од состаноци – рече Палевски.

Тој вели дека кога стасал во Турција, на граница имал контакт со Велибор Манев, кој му дал број од Турчин што знае македонски. Тој му објаснил дека во Истанбул тешко ќе најде евтина куќа за изнајмување и му го предложил Баликесир кој е на 200 километри од Истанбул.

Back to top button
Close