Палевски ја прекрши самоизолацијата-Ќе биде 14 дена изолиран во хотел на свој трошок

 

Љупчо Палевски претпладнево беше приведен, како што објавија медиумите, од кафуле во центарот на Скопје заради непочитување на одредбата по влегување во државава да биде 2 недели во самоизолација. Полиција го привела и било утврдено дека тој не ја почитувал одредбата за изолација во неговиот дом и му било издадено решение за 2 седмици изолација во хотел на негов трошок.

Палевски попладнево се огласи на фб и објави дека на 22 мај бил тестиран и повторно на 9 јуни а самоизолацијата ја прекршил оти бил сам дома и отишол да си купи цигари. Пред Веро на 5о метра од дома, тврди Палевски, го сретнал Јохан Елесер,негов стар пријател и седнале да разговараат оти се немале видено 9 месеци.

-Не знаев, вели тој, дека за 20 минути ке се појават 3 возила со, како што пишува, 7 џандари а во кафеаната биле само тој и Јохан.

-Хотелот коректен се ОК ВИП, напиша Палевски на неговиот фб статус. Инаку Палевски 9 месеци беше во екстрадиционен притвор во Белград уапсен по потерница од Интерпол Хрватска за спор со бизнис партнер.

Во Македонија се врати пред 2 дена од Хрватска и требеше да биде во самоизолација во неговиот дом- правило кое важи за секој што влегува во државава заради корона вирусот.

Back to top button
Close