Паника во Шведска по најавите за војна со Русија – Шок и загриженост меѓу населението

Предупредувањето од двајца високи претставници на одбраната до Швеѓаните да се подготват за војна, предизвика загриженост и паника меѓу луѓето, пишува Би-Би-Си.
Шведскиот министер за одбрана Карл-Оскар Болин, на прес конференцијата во неделата изјави дека „може да има војна во Шведска“.
Неговата порака потоа беше поддржана од врховниот воен командант, генерал Микаел Биден, кој рече дека сите Швеѓани треба психички да се подготват за таа можност.
Сепак, опозициските политичари се спротивставија. Поранешната премиерка Магдалена Андерсон изјави за шведската телевизија дека иако безбедносната ситуација е сериозна, „не е како војната да е зад аголот“.
И покрај острите пораки, забелешките на министерот за одбрана и на воениот командант се сметаат за повик за будење. По повеќе од два века мир и неутралност, Шведска е на неколку чекори од влез во НАТО. Се чека зелено светло од турскиот парламент, а потоа и од Унгарија. Врховниот воен командант рече дека неговите изјави не се ништо ново.
Пред еден месец Микаел Биден го посети источниот фронт на Украина, а Шведска е една од земјите што обучуваат украински пилоти.
– Мојата намера не е да ги загрижувам луѓето. Мојата намера е да натерам што повеќе луѓе да размислуваат за сопствената ситуација и за сопствените одговорности – изјави генерал Биден за весникот „Афтонбладет