Пановски за тв 24: Со 700 вакцинирани исто како да не сме почнале со вакцинација

Се што можело да се набави во декември требало да се набави во декември Досега ќе бевме позаштитени, ќе се спасеа животи, ќе се санираа последиците од Ковид, а да не зборувам за економијата. Требаше да имаме план Б или резерва. Можеше да се набават вакцини.

Министерот рече дека „Модерна“ им нудела во декември 2 милиони вакцини. Тоа е многу, но можевме на пример да ги купиме и да ги поделиме со Албанија, Косово или Босна. Не ги знам деталите, но фактите се тие: Kај нас вакцинацијaта не е започната – ова 700 луѓе или 0 е исто. Tоа е само колку нешто да се презентира во медиумите.“ – вели проф. д-р Никола Пановски.

Во меѓувреме расте бројот на потврдени случаи со новите мутации на вирусот. Во рок од два дена е забележано зголемување од 30% на заразените со британскиот сој на вирусот, a најзагрижувачка е ситуацијата во Прилеп, Охрид и Кавадарци.

Д-р Пановски вели дека единствен начин да се спречи ширењето е токму вакцинациајта а до тогаш мора да се почитуваат мерките за заштита и да се носат маски. „Најдобро е да се заострат мерките, но треба да се гледа и на психологијата на населението кое можеби од многу мутации ќе му дојде преку глава и може ќе дојде до протести, на Запад има мерки, но има и протести и не гледаме дека има некакви ефекти од карантините.

Бидејќи вирусот чека. Сепак е респираторен , може само да се одложи до вакцината се додека повеќе лица се вакцинираат, но во никој случај не треба да има опуштање.“- вели проф. д-р Никола Пановски.

Во Македонија досега само 1 000 здравствени работници се вакцинирани. Над 100.000 граѓани веќе се пријавиле за вакцинација преку електронскиот систем и матичниот лекар, а околу 170.000 граѓани кои што се над 70 години и спаѓаат во најранливата група, чекаат да бидат имунизирани.

Преземeno oд TV24.mk

 

Back to top button
Close