Папата Франциск: Сексуалното задоволство е дар од Бога

Папата Франциск вели дека сексуалното задоволство е „дар од Бога“ што треба да се „дисциплинира со трпение“. Тој, исто така, предупредува на порнографијата, за која објаснува дека обезбедува „задоволство без обврска“ и може да доведе до зависност.

Папата ова го говореше на општата аудиенција во Ватикан, минатата среда.

Дел од проповедта за пороците и доблестите беше насочена кон она што папата го нарече „демонот на страста“.

Тој рече дека страста „ги уништува односите меѓу луѓето“ и додаде дека „дневните вести се доволни за да се документира оваа реалност“.

„Колку врски што започнаа на најдобар начин подоцна станаа токсични?“, праша тој.

Папата ги даде коментарите неколку дена откако неговиот нов шеф на доктрината, кардиналот Виктор Мануел Фернандез, беше на удар на критики поради книгата што ја напиша и ја објави кон крајот на 1990-тите со наслов „Мистичната страст: духовност и сензуалност”.

Back to top button
Close