Патниците на “Титан“ потпишале дека патувањето може да резултира со инвалидитет, траума или смрт

Два дена трае потрагата по подморницата „Титан“, која со исчезна во Атлантскиот Океан додека беше на пат кон остатоците на „Титаник“.

„Титан“ е изградена специјално за посети на Титаник и е единственото приватно подводно пловило кое може да стигне до длабочината од 4.000 метри.

Според компанијата, „Титан“ тежи над 10.400 килограми и има 13 сантиметри дебел труп од јаглеродни влакна зајакнат со титаниум. Може да прими пет луѓе, кои имаат залихи на кислород за 96 часа, но тоа зависи од нивото на дишењето на патниците

“Оушнгејт“ вели дека „Титан“ е експериментално пловило, а патниците кои пловеле претходно за медиумите откриле дека потпишувале документ во кој е наведено дека пловидбата не е одобрена од ниту едно регулаторно тело и се свесни дека патувањето може да резултира со повреди, инвалидитет, емоционална траума или смрт.

Back to top button
Close