Пауновски: Ако Заев не ме разбира, слободно на следната седница да ме разреши

Ако премиерот Зоран Заев не ме разбира, немам што друго да кажам освен дека може слободно да ме разреши на наредната владина седница, вели за СДК директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски, кој не сака да прими 35 рамковни вработувања што му биле прераспределени, затоа што не ги исполнуваат условите за пополнување потребни работни позиции.

По изјавата на Пауновски дека нема да ги потпише решенијата за вработување на 35 административци од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, премиерот Зоран Заев вчера му рече да не прави отпор.

„Испраќам порака пред сѐ до директорот на Пазарниот инспекторат којшто е доста гласен, треба да ги спроведеме одлуките или да кажеме зошто не се спроведуваат, а не да водиме, така да кажам, јавна војна преку медиумите едни со други“, рече вчера Заев.

Пауновски вели дека и покрај ваквата изјава на премиерот Заев, тој останува на ставот дека додека е тој директор нема да ги потпише решенијата за вработување на овие 35 лица.

повеќе

Back to top button
Close