Пеце Матевски, екс-директорот на РЕК „Битола“на судењето за јаловината од 2022 тврди дека нема вина
Судскиот процес го води судијата Горан Димовски, а обвинението го застапува Оливера Нечаковска.

Судењето е околу постапката на РЕК „Битола“ во 2022 година да ја избере фирмата „Рудкоп “ Битола, а да ја елиминира „Гранит“ Скопје за ископ на јаловина. „Рудкоп“ го доби тендерот за цена од 2.595 денари за м3, додека „Гранит“ имал првична понуда од 2.040 денари за м3. По предлог на ОЈО Битола за овој случај на „Рудкоп“ му се замрзнати 3,5 милиони евра.
Според обвинението, износот на средства од 708.000.000 денари со ДДВ, определен во Одлуката за јавна набавка од јули 2022 година со фирмата „Рудкоп“ не е доволен за ископ на бараните 2.400.000 м3 јаловина. Па, Матевски на 21.9.2023 година склучил и Анекс бр.1 кон Договор од 3.10.2022 година со кој вредноста на јавната набавка е зголемена за дополнителни 20%, односно дополнителни 141.600.000 денари со ДДВ со што е овозможено „Рудкоп“ да изврши ископ и на дополнителни 378.538 м3 јаловина надвор од предметот на спроведената јавна набавка (за што е исплатен паричен износ од дополнителни 138.231.236 денари).
„Секоја јавна набавка мора да биде впишана во годишниот план за јавни набавки каде што покрај планот за јавни набавки треба да биде во сооднос со планот за производство на електрична енергија. Најпрво оваа јавна набавка е одобрена од Сектор производство, па одобрена од Управниот и Надзорниот одбор, така за оваа јавна набавка се обезбедени средства за реализација. Текот на оваа јавна набавка е поврзана со планот на производство затоа што на крајот ние како комбинат треба да испорачаме мегавати, односно да призведеме електрична енергија“, рече Матевски на сведочењето.
Во врска со анексот на јавната набавка, Матевски на прашање на бранителот рече дека се било сработено по Законот за јавни набавки.
„Бевме во енергетска криза каде што се бараше енергија плус, еден мегават час стигна до 800 евра, анексот е за обезбедување стабилно производство и повеќе енергија и е во рамките од 20 проценти“, рече правдаше Матевски.
…






