Пендаровски денеска ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН
Претседателот Стево Пендаровски, кој ја предводи македонската државна делегација на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, денеска ќе се обрати пред Советот за безбедност, на отворената дебата на тема: „Одржување на целите и принципите на Повелбата на ОН преку ефективен мултилатерализам: одржување на мирот и безбедноста на Украина“.
На седницата е најавено учество и на претседателот на САД, Џо Бајден и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Доцна вечерва по македонско време претседателот Пендаровски ќе присуствува на приемот по повод одбележувањето на 30–годишнината од основањето на Чешката и Словачката Република и 30-годишнината од членството на двете држави во Обединетите Нации, што ќе го приредат претседателите Петр Павел и Зузана Чапутова.