За Николовски Пендаровски бил„класична алапача“.Пендаровски му врати: Уличар кој редовно шири лажни вести

Политичари како потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, не треба да бидат во медиумскиот интерес за да се заштити јавноста од нивниот уличен вокабулар.

Ова е дел од реакцијата на шефот на државата, Стево Пендаровски, по интервјуто на Николоски за неделникот „Фокус“ во кое тој за претседателот вели дека е најлошиот што државава го имала.

Во реакцијата од кабинетот на Пендаровски велат дека тоа е личност која редовно шири лажни вести, а тоа што е осудуван за клевета доволно говори за неговите кредибилитет и интегритет

„Претседателот Пендаровски смета дека политичари без интегритет, кои редовно шират лажни вести, не треба да бидат предмет на медиумски интерес со цел да се заштити јавноста од нивниот уличен вокабулар. Александар Николоски е правосилно осуден од страна на македонските правосудни органи за дело клевета, а веќе претходно имаше и наводи во јавноста дека Обвинителството отворило и водело предистражна постапка под сомнение за извршено кривично дело злоупотреба. Овие информации доволно говорат за кредибилитетот и личниот интегритет на тоа лице“,велат од кабинетот на Пендаровски.

Во интервјуто за „Фокус“, Николоски зборува за Пендаровски од аспект на реализацијата на политиките, но и за неговата личност како човечки карактер.

Се работи за најлошиот претседател што Македонија го имала. И во смисла на реализација на политики и во смисла на човечки карактер. За реализација на политики не можам ништо да се сетам. Овде се работи за човек кому сè уште не му е јасно дека веќе не е политички аналитичар, туку дека е носител на највисоката позиција во државата. Точно е дека нема големи овластувања, но никој не му забранува да ги собере економските ресори во Владата и да направат турнеја низ Европа да убедуваат инвеститори. Да не зборувам за политичките прашања, каде што минатата година девет дена пред да се усвои францускиот предлог велеше дека е катастрофа, потоа прифати“,
вели Николоски на прашањето „Какво е вашето мислење за актуелниот претседател Стево Пендаровски?“.
Во делот за личноста, пак, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ користи „сочни термини“ нарекувајќи го Пендаровски „класична алапача“.

Во делот на личноста, кога доаѓате на ваква позиција, мора да сте изградена личност. Се работи за најслабата личност што дошла на оваа позиција. Се работи за една класична алапача, озборувач, кој времето го троши во озборување од политички пријатели до политички опоненти, најчесто со ваши колеги новинари на седенки на кои раскажува прикаски за други личности и најчесто му се неточни. Агенцијата за разузнавање ја претвори во Агенција за собирање трачеви и афери и на тој начин ја уништува. Многу е тажно работниот ден да ви се сведува на барање на личност со која ќе потрошите 2-3 часа и ќе раскажувате кој е здрав, кој болен, кој има проблеми во приватниот живот, кој со кого бил и каде е виден“,вели Николоски.

Back to top button
Close