Пендаровски повторно ќе се кандидира, очекува во овој мандат Македонија да влезе во ЕУ

Актуелниот претседател Стево Пендаровски денеска на официјална прес-конференција, најави дека повторно ќе се кандидира за функцијата. Во текот на викендот, се очекува владеачката СДСМ и официјално да го поддржи Пендаровски во трката за втор мандат.

Претседателот порача дека добил јавна поддршка од голем број граѓани, дел од нив јавни личности, професори и културни работници.

-Во недела ќе бидам на Конгресот на СДСМ, само во тој дел, за да им се заблагодарам за поддршката, а од понеделник ќе имам средби со сите десетина партии од таа коалиција, од кои ќе сакам да слушнам предлози, кои би ги вклучил во мојата програма. Станува збор за граѓанска кандидатура и ги повикувам сите граѓани, од недела 3-ти март, да дадат поддршка за мојата кандидатурата во подрачните единици на ДИК, истакна Пендаровски.

За причините зошто се кандидира, претседателот вели дека зад има себе мандат без ниту една стратешка грешка, без ниту една корупциска афера и без ниту еден случај на непотизам. Очекува во неговиот евентуален втор мандат, Македонија да стане членка на ЕУ

Back to top button
Close