Песков: Преговорите меѓу Русија и Украина продолжуваат преку видео врска
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека преговорите помеѓу Моска и Киев за судирот во Украина, кои се водени лице в лице во Белорусија, продолжија преку видео врска.
Тој наведе дека рускиот претседател, Владимир Путин, ги известил во денешниот телефонскиот разговор со германскиот канцелар, Олаф Шолц, и францускиот претседател, Емануел Макрон, за видео преговорите во изминатите денови. Песков истакна дека ќе продолжат преговорите.
Додека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во денешното обраќање истакна дека украинските и руските преговарачки тимови почнале да разговараат за конкретни теми наместо за ултиматуми. Тој додаде дека Западот досега не е доволно вклучен во преговорите.
Зеленски посочи и дека идните мировни преговори со Русија може да се одржат во Ерусалим.