Пет канадски хокеари под истрага за сексуално злоставување
Пет хокеари од канадскиот јуниорски тим кој го освои златниот медал на Светското првенство во 2018 година се под истрага за сексуална злоупотреба.

Канадскиот весник „Глоуб и мејл“ вчера објави дека пет мажи се поврзани со наводен сексуален напад што се случил во јуни 2018 година и добиле наредба да се предадат на полицијата во Лондон, во канадската сојузна држава Онтарио.
Во својот извештај, „Глоуб и Мејл“ не ги именуваа членовите на јуниорскиот тим кои би можеле да се соочат со обвиненија, но се шпекулира дека најмалку четворица од обвинетите моментално играат во НХЛ, додека петти е член на швајцарски клуб.
Полицијата најави дека на почетокот на следниот месец ќе одржи прес-конференција на која ќе извести за истрагата.






