Пет момчиња и една девојка со тешки изгореници се во шок соба во ВМА во Белград

Српските медицински екипи укажаa помош на повеќе од десет лица тешко повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во текот на вчерашниот ден и вечерта со амбулантни возила и авион на војската на Србија биле префрлени во болниците во Белград, сместени во ВМА и Клиничкиот центар на Србија.

Како што дознава Telegraf.rs, сите пациенти кои се сместени во ВМА се во шок соба. Пет од нив биле интубирани.

Според неофицијални информации, станува збор за пет млади момчиња и една девојка.

Младите мажи се на возраст од 18 до 27 години, а изгорениците покриваат и до 30 отсто од кожата.

Девојката која е префрлена во ВМА има 18 години и изгорениците и покривале 24 отсто од кожата.

Најмалку 59 лица загинаа во пожарот што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката Пулс во Кочани.

Најмладата жртва имала само 14 години. Меѓу повредените има најмалку 150 лица, кои се префрлени во болниците во Кочани, Штип и Скопје, по што е извршен итен транспорт во околните земји.

Со авион на српската армија во неделата вечерта во Белград биле донесени 12 пациенти

Back to top button
Close