Петгодишно дете паднало од балкон во Гостивар
Петгодишно дете е повредено откако вчера паднало од балкон во семејна куќа во Гостивар. Случајот бил пријавен во ОВР Гостивар од Ургентниот центар во 19:00 часот.

– Детето по укажаната прва помош е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување, информираа од МВР.
Увид на местото извршила полициска екипа од Гостивар






