Петков: Асен Василев ќе биде кандидат за премиер на Бугарија

Асен Василев ќе биде кандидатот за премиер кој „Продолжи со промените“ ќе предложи да ја предводи евентуалната нова влада на Бугарија со мандат од партијата во актуелниот парламент. Ова го соопшти бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков најави дека има неоспорна доверба во Асен Василев. „Со него рамо до рамо ја почнавме борбата и со него ќе ја завршиме во еден тим, заедно со сите членови на ‘Продолжуваме со промените’, со сите коалициски партнери и сите истомисленици“, рече и Петков.
Василев досега беше вицепремиер и министер за финансии на Бугарија.

Back to top button
Close