Петков: Борбата со мафијата продолжува. Темата Северна Македонија се користи за да се одвлече вниманието

Темата Северна Македонија се користи за да се одвлече вниманието, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков по денешната владина седница.

-Борбата против мафијата продолжува. Не паѓајте во замката да се обидувате да го одвлечете вниманието на јавноста – рече тој, јави Бгнес.

Според него денешната вест е извештајот на меѓуресорската комисија меѓу министерствата за финансии и регионален развој, која констатирала прекршоци од околу 2,5 милијарди лева во областа на градежништвото.

Кирил Петков потврди дека Владата ја усвоила одлуката со која се предвидува сите предлози од француското претседателство со Советот на Европската унија или од некоја земја членка на тема Република Македонија и преговорите за нејзино членство во ЕУ да бидат разгледани во собраниска Комисија за надворешна политика.

-Ниту еден политичар отсега не може да каже дека владата може да дејствува еднострано. Одлуката е на парламентот – нагласи Кирил Петков.

Back to top button
Close