Петмина приведени за два пријавени физички напади

Пет лица се приведени во два одвоени случаи поради физички напади во текот на вчерашниот ден во Тетово.  Полицајци вчера во 15:15 часот во Тетово ги лишиле од слобода А.Л.(25) и А.Е.(24), двајцата од Тетово, затоа што претходно на улица „Иво Лола Рибар“ физички го нападнале Ф.А.(31) од тетовски Порој. Тие биле  задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им биде подготвен соодветен поднесок, информира СВР Тетово.

 -Вечерта околу 20 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.К.(24), А.Ф. и Е.А., сите од Тетово, затоа што претходно во маркет на ул.„Иво Лола Рибар“ физички го нападнале Ф.И.(30) од Тетово, при што се обиделе да употребат и остар предмет, но биле спречени, информира полицијата. 

Тие биле приведени во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок. 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close