Петнаесет загинати во обилните дождови во Кина, илјадници евакуирани
Петнаесет лица загинаа, а четири се водат како исчезнати по бурните дождови во Чонгкинг во југозападниот дел на Кина, додека илјадници луѓе се евакуирани од своите домови, објавија денеска кинеските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.

MПотврдата за постоење на жртви доаѓа еден ден по предупредувањето на метеоролошките служби за можни непогоди предизвикани од дождовите кои зафатија голем дел од центарот и југозападот на земјата, истовремено со уривање на температурни рекорди.
Претседателот Си Џинпинг нареди властите на сите нивоа да дадат приоритет на обезбедувањето на безбедноста на луѓето и имотот.
Синоќа поради дождот се урна железнички мост во Чонгкинг, провинција со 31 милион жители.
Во соседната провинција Сечуан, оваа недела повеќе од 460 илјади луѓе се погодени во различен степен од поројните дождови.
Властите соопштија дека околу 85 илјади луѓе се евакуирани од своите домови поради дождот и дека оваа недела се очекуваат „големи поплави во планинските области“ и „можни свлечишта“.






