Пијан маж ја нападнал и ѝ се заканувал на својата сестра во Кавадарци

На 29 август 2026 година, во 16 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 58-годишниот З.Р. од Кавадарци.

Тој бил приведен по пријава дека дошол во домот на својата 55-годишна сестра, физички ја нападнал и ѝ упатувал закани.

При преземените мерки и извршените проверки било утврдено дека З.Р. бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 0,58 промили алкохол во крвта.

58-годишникот бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Back to top button
Close