ПИСАНИЕ – Плусинфо како повод
Скоро без исклучок, секое утро ги отвараам насловите на секој од актуелните ни портали. Ова утро, ми го задржа вниманието насловот…. „Седум годишен судски маратон за скапоцени артефакти или за безвредни дребулии?” во наводната „злосторничка група„ саде болни старци и политички ветерани„……, па откако го прочитав, се запрашав, а и не можев самиот да не си одговорам!?
Што е тоа, кое уредниците…сопствениците на порталите ги води, кога до тој што ќе се намери да го прочита насловот, пласираат наивни, а во основа лукративни приказни.
Приказната за изнемоштените старци и почитувани индивидуалци, обвинети дека створиле злосторничко здружување, насочено кон богатење со трговија со наше нацонално богатсво – артефакти од македонска земја, се за жалење, оти ете системот веќе седум години ги гони и не ги осудува, ги малтретира по судови, за „дребулии купени по бит пазари„, а не за наше културно богатство„, кое, нечесно го прибавиле и намериле да го продадат, кај нашите ни соседи, кои патем се најголеми наши негатори.
Е, бидејки јавноста ги виде – артефактите, кога тие кои сега се немоќни старци, беа апсени, а еден од нив ( почитуваан лекар- инфектолог) со целоесен респект на презумцијата на невиност, се дрзна во време кога за него и сега старечка булумента, која се крие зад светите букви на ВМРО, се води кривична постапка, дури и да се пошегува со јавноста и се кандидира за преседател на државата ни, па, не ми е прифатливо некој да ги брани.
Собирањето печурки, а особено тартуфи по македонские гори, после дожд, верувам дека може да биде исплатлива работа… ама копањето, крадењето и лажењето, што е артефакт, а што е бакарно ѓумче купено од пазарот во Солун или од Бит пазар во Скопје, не поминува кај секого.
Патем, фактот што седум години кутрите тие, саде болни старци и политички ветерани се малтретирани по судоивите, пред кои обинителството упорно докажува едно, а нивните бранители докаажуваат друго (патем, секој знае или мора да знае, дека само обвинетите во кривичната постапка, за кривично правниот настан за кои се обинети имаат право да лажат) и лажат, звучи дегутантно, бидејки токму тие постапката пред судот ја опстуираат и одолговлекуваат.
Ќе кажам, сега му е мајката системот за кој деновиве сите зборуваме дека мора да биде ресетиран и да биде безмилосен кон сите кои се огрешиле од законот, правично да одговаараат, па не смее да се дозволи, затоа што некој има „навивачи„ и знае каде и како да ги најде, да си играат со нашата интелегенција и паметење.
Николчо Николоски
Судија од Врховниот суд во пензија