По 8 успешни години во УНИБанка, г. Владислав Хаџидинев пред нови предизвици!

По повеќе од 8 години поминати во Управниот одбор, како Извршен директор, во Универзална Инвестициона Банка АД Скопје, г. Владислав Хаџидинев одлучи да прифати нови работни предизвици во Р. Бугарија.
Тој ќе ја извршува функцијата Извршен директор до 30.06.2025г., во меѓувреме Банката започна процес на избор на нов извршен директор.

„По скоро измината една деценија која беше исполнета со многу предизвици, резултатите покажаа исклучително успешен период во работењето на Банката. Мојата одлука е професионалната кариера да ја продолжам со прифаќање на нови работни предизвици и обврски во Р.Бугарија. Горд сум што денес УНИБанка се препознава како успешна, динамична и модерна банка, лидер во дигитализацијата и сигурноста, а истовремено општествено одговорна институција. Годините поминати во УНИБанка се меѓу најдобрите во мојата професионална кариера. Бев дел од еден врвен тим на банкарски професионалци на кои им посакувам продолжување на започнатата стратегија и остварување на многу одлични резултати во иднина„ – изјави г. Владислав Хаџидинев.

„Г. Владислав Хаџидинев даде значаен придонес за растот и развојот на Банката, за нејзиниот позитивен имиџ и репутација во јавноста, како и одржување на прифатливо ниво на ризик. Му благодариме за досегашниот ангажман и за сето она што го постигна, и му посакуваме успешна кариера и во иднина. Банката во наредниот период ќе објави кој ќе биде наследник на оваа одговорна позиција,, – изјавија од УНИБанка.

УНИБанка неколку години по ред остварува исклучителни резултати. И најновиот финансиски извештај за првиот квартал од 2025г. покажува раст на кредитирањето и нивото на депозити, раст на добивката и висока позиционираност во сегментот средни банки. Акциите на оваа Банка неколку години по ред се меѓу најпосакуваните на Македонската берза, што е потврда за добрата стратегија и воопшто успешното работење на оваа институција.

-комерцијална објава-

Back to top button
Close