По обвинувањата за корупција австрискиот канцелар Себастијан Курц поднесе оставка

Австрискиот канцелар Себастијан Курц доцна попладнево тој потврди дека се повлекува од премиерската функција.

Во средата, обвинителите кажаа дека Курц се наоѓа под истрага поради тврдењата дека владини пари биле користени во коруптивна зделка за да се обезбеди позитивно известување во еден таблоиден весник, при што бил извршен претрес и во неговото седиште.

Обвинувањата датираат од периодот меѓу 2016 и 2018 година, кога, како што кажаа обвинителите, средства на министерството за финансии биле користени за финансирање на делумно манипулирани анкети за јавно мислење, што служело исклучиво за интересите на една политичка партија. Ова се совпаѓа со периодот кога Курц го презема водството на Народната партија и потоа формира коалициска влада.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close