По шест часа проработеа Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп

По скоро шест часа почнаа да се враќаат во функција, социјалните мрежи, Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп. Корисниците ширум светот се жалеа дека имаат проблеми со пристапот, а Твитер беше единствена социјална мрежа која функционираше.

И претходно се случувало да паднат апликациите на Фејсбук, но тоа досега траеше 10 до 15 минути, додека сега, социјалните мрежи не работеа скоро шест часа.

Според дел од медиумите, личните податоци на 1,5 милијарди корисници на Фејсбук наводно се продадени на популарен хакерски форум.

Back to top button
Close