По удар од гром почина 20 годишно момче од Радовиш

По удар од гром синоќа починало 20 годишно момче од село Коџалија.

Околу 20 часот во ПС Радовиш било пријавено дека во 19:30 на ливада на место викано Водовод во радовишко од гром починал Р.М. (20), а со повреди се здобил З.М. (23) двајцата од Коџалево.

Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош од Радовиш, а другото лице е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Back to top button
Close