По завршената обдукција, телото на Вања Ѓорчевска е предадено на семејството

Завршена е обдукцијата на телото на Вања Ѓорчевска, која треба да ги даде одговорите на повеќе прашања – како е убиена и кога настапила смртта, објави „Скопје1.мк“.

Ова е еден од крунските докази во постапката против Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски и таткото Александар Ѓорчевски.

Телото на убиената Вања е предадено на мајката Зорица, по што ќе биде организиран погребот.

Детали од наодот нема да се споделат во јавноста, а во интерес на истрагата, соопштија од Обвинителството.

Од наодот може да се соопштат само изолирани моменти, како што е времето на настапување на смртта, но и кој е причинителот – дали огнено оружје, задушување или нешто сосема трето.

Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски и таткото Александар Ѓорчевски се во притвор, а по Палевски е распишана меѓународна потерница

Back to top button
Close