Во затвор почина жестокиот критичар на Путин, Алексеј Навални

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почина во затвор, соопшти Регионалниот оддел на поправната служба.

„На 16 февруари 2024 година, во поправната колонија број 3, осуденикот А.А. Навални се чувствува лошо по прошетката и речиси веднаш изгубил свест“, се вели во соопштението, пишува Sky News.

„Веднаш пристигнаа медицинските работници од установата и повикана е екипа на Итна медицинска помош. Спроведени се сите неопходни мерки за реанимација, но тие не дадоа позитивни резултати. „Лекарите на Итната помош констатирале смрт кај осуденото лице“, се заклучува.

Навални беше уапсен во 2021 година откако се опорави од обидот за атентат со отров поврзан со московската безбеносна служба ФСБ

Back to top button
Close