Почина музичарот Тоше Поп Симонов
На 63 годишна возраст почина музичарот Тоше Поп Симонов, македонски музичар, композитор и аранжер, познат по својата работа во областа на поп и етно музиката. Тој остави неизбришлива трага кога во прашање е македонската музика, а твореше од далечната 1980 година.
Во раните 1980-ти, Поп-Симонов бил член на групата „Пост Скриптум“, од која подоцна произлегол култниот бенд „Бастион“, каде што свирел гитара заедно со Кирил Џајковски . Во 1991 година, тој бил продуцент и композитор на албумот „Бубачки и градски ѕверки“ на Ена Веко, за кој ги напишал и продуцирал повеќето песни. Поп-Симонов исто така соработувал со Јаков Дренковски на албумот „C’est la vie“ (1991), каде што бил електричен гитарист и тонски инженер. Познат е и по својата работа како тонски инженер и продуцент, вклучително и во студиото „Јатаган“ во Скопје.
Во поново време, Поп-Симонов работел на песната „Знам дека сто посто те знам“ на Бени и Нон Стоп, објавена во октомври 2024 година, каде што бил одговорен за музиката, текстот, аранжманот и продукцијата. Една од значајните соработки на Поп-Симонов е со хрватската пејачка Алка Вуица. Во 2024 година, тој го аранжирал, миксирал и мастеризирал нејзиниот сингл „Не мислим више на тебе“. Песната е компонирана од Марија Мирковиќ, а текстот е напишан од Алка Вуица. Оваа соработка се случила спонтано, кога Марија и нејзината менаџерка Лидија Самарџија биле во Скопје и му ја претставиле песната на Поп-Симонов. Тој веднаш почувствувал инспирација и додал етно елементи и посебна емоција во аранжманот. Алка Вуица изразила задоволство од соработката и изјавила дека ова е прва соработка со Поп-Симонов, кого го ценела долго време.
Тоше Поп-Симонов има придонес и во филмската музика, како што е неговата работа на филмот „Пред дождот“ (1994), каде што бил дел од музичкиот оддел.
На социјалните мрежи, роднини, пријатели, познаници се простуваат од Поп Симонов.
Screenshot
Screenshot