Почина Силјан Мицевски, поранешен градоначалник на Битола

Почина Силјан Мицевски (78), екс градоначалник на Битола и почесен конзул на Република Србија во Битола.

Мицевски беше избран за градоначалник на Битола, на непосредни избори што се одржаа во 1996 година, а во 2007 година со Одлука на Владата на Република Србија беше назначен за Почесен Конзул на Република Србија во Битола.

Професионалната кариера на Мицевски е втемелена на ГП „Пелистер“ – Битола која датира од 1968 година, најголемата љубов и самоодрекувања во животот на Мицевски се врзани за спортот и посебно ракометот каде бил ракометар, прв македонски меѓународен ракометен судија, и поддржувач на РК „Пелистер“, денес РК „Еурофарм Пелистер“.

Силјан Мицевски е добитник на бројни награди и признанија, меѓу кои наградата „4-ти Ноември“ во 1979 година, наградата „Интернационална ѕвезда – златна категорија“ доделена во Париз 2003 г., престижното признание „Личност на Југоисточна Европа“ за 2016 година кое му беше врачено на Универзитетот „Хумболт“ во Берли

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close