Почина Снежана Липковска, доајен на македонското спикерство
Почина легендарната телевизиска спикерка Снежана Липковска, доајен на македонското спикерство.
Таа беше вистинска ѕвезда, добро позната во Македонија и тогашна Југославија.
Со децении владееше на тв екраните, особено во текот на 70-те и 80- те години, на тогашната ТВ Скопје, а подоцна и на Македонска радио и телевизија (МРТ). Водеше најразлични емисии како и централниот ТВ Дневник.
Работеше и како новинар, а исто така се занимаваше и со документаристика.
Во 2015 година издаде и книга, збирката новели „Хотелски стории“. Поседуваше ведар дух, одличен стил, културно однесување и харизма.