Почина уште еден директор на „Лукоил“, се противеше на војната во Украина
Претседателот на руската нафтена компанија „Лукоил“, Владимир Некрасов, ненадејно почина на 66-годишна возраст. Тој е вториот шеф на „Лукоил“ кој почина за нешто повеќе од една година. Компанијата објави дека неговото срце откажало, пишува Скај њуз.
Некрасов работеше скоро педесет години во секторот за нафта и гас.
Претходниот шеф на „Лукоил“, Равил Маганов, почина во септември минатата година откако падна од прозорецот на болницата во Москва. „Лукоил“ јавно зазеде став против инвазијата на Украина.