Почина Живко Георгиевски, поранашен директор на МИА, новинар и дописник од странство
На 79-годишна возраст почина Живко Георгиевски, поранашен директор на МИА, долгогодишен новинар и дописник од странство.

Георгиевски беше директор на МИА од 1998 до 2002 година. Бил директор и на Радио Охрид во средината на седумдесеттите од минатиот век, па дописник на Танјуг и на ред други тогашни југословенски медиуми.
Кариерата во новинарството ја започнал како средношколец во весникот „Вечер“, а продолжил во младинската редакција на Радио Охрид и во други медиуми, посебно со заминувањето во Белград на студии.
По заминувањето од Охрид, Георгиевски долго ја водел македонската редакција на агенцијата Танјуг. Неколку години престојувал во Џакарта, Индонезија, како дописник од тој дел од светот.
По враќањето, станува директор на редакцијата на Танјуг во Македонија.
Пред распадот на СФРЈ го формира Македонскоот прес биро, а потоа станува директор на агенцијата МИА од каде и заминува во пензија.
Живко Георгиевски ќе биде погребан утре на градските гробишта во Охрид.






