Под контрола е пожарот во Визбегово, пожарникарите, вработените и газдите гаснат со цистерн и тешка механизација

Со тешка механизација, пожарникари и ангажирани работници, цела ноќ се гаснел пожарот што избувна во Визбегово на отпад за старо железо.

Сопствениците и вработените, заедно со екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, интервенирале со часови за целосно ставање под контрола на огнот. Куповите отпад се преместувале од место на место за да се спречи повторно разгорување, додека гаснењето се вршело со неколку цистерни.

Во акцијата биле вклучени и дополнително ангажирани работници, со цел побрзо локализирање на пожарот.

„Пожарот во Визбегово е сè уште активен, но под контрола. На лице место се екипи од БППЗ на Град Скопје“, велат кусо од Центарот за управување со кризи.

Според информациите, пожарот настанал откако се запалила машина во отпадот.

Back to top button
Close