Поднесена пријава против Петер Сијарто поради сомнеж за примање мито

Против поранешниот унгарски министер за надворешни работи Петер Сијарто е поднесена кривична пријава поради сомнеж за примање поткуп, објави унгарскиот портал „Индекс“.

Пријавата ја поднел унгарски активист, а обвинителството ја проследило до полициската станица во Будимпешта, која има надлежност да спроведе истрага.

По приемот на пријавата, обвинителите соопштиле дека доставените информации „може да укажуваат на примање поткуп“.

Сомнежите за поткуп се поврзани со именувањето на Сијарто на висока функција во кинеската автомобилска компанија BYD, откако Унгарија минатиот месец започна истрага за државните субвенции доделени на кинескиот производител на електрични возила.

Сијарто се вработил во BYD откако на 15 јули поднел оставка од пратеничката функција.

Бидејќи повеќе не е пратеник и нема пратенички имунитет, против Сијарто може да се води кривична постапка. Доколку биде прогласен за виновен, би можел да се соочи со затворска казна до три години.

Засега нема информации дека Сијарто е обвинет или прогласен за виновен, туку станува збор за пријава и сомнежи кои треба да бидат предмет на истрага, објави Скопје1.мк

Back to top button
Close