Поднесено обвинение против Рашковски

Денеска во Кривичниот суд е поднесено обвинение против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, пренесува „Фокус“ повикувајќи се на судски извори. Од Обвинителството пак за „Фокус“ неофицијално појаснија дека обвинетието ќе биде поднесено во текот на денешниот ден, за што јавноста ќе биде информирана преку соопштение.

Неодамна и шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, изјави дека истрагата за овој случај е при крај.

-Истрагата е во завршна фаза. Го добивме материјално-финансиското вештачење. Се чека уште едно вештачење, треба до следната недела да стигне и тоа и ќе се викаат осомничените да дадат своја одбрана, доколку сакаат, изјави Русковска пред десетина дена.

Рашковски е осомничен поради сомнение дека како генерален секретар купил софтвер за автоматско казнување на сообраќајни прекршоци, од 81.000 евра, иако Министерството за внатрешни работи тоа не го побарало и не го користи софтверот.

Back to top button
Close