Подземни контејнери наскоро во Чаир, општината доби финансиска поддршка

Општина Чаир наскоро ќе добие подземни контејнери за комунален отпад, откако обезбеди финансиска поддршка од Бирото за регионален развој во рамки на Програмата за урбан развој и одржлив урбан развој за 2026 година.
За реализација на проектот се одобрени 1,372.571 денари, а со ова Чаир е единствената урбана општина од Град Скопје која добила средства преку овој јавен повик.
Предвидено е подземните контејнери да бидат поставени на улицата „Методија Митевски“, со цел подобрување на јавната хигиена и унапредување на комуналната инфраструктура според современите еколошки стандарди.
Од Општината посочуваат дека инвестицијата претставува важен чекор кон модернизација на системот за управување со отпад, но и кон создавање почиста, поуредна и пофункционална средина за жителите на Чаир.
Извор: skopje1.mk






