Погледнете го Кирил Петков во жешки улични танци (ВИДЕО)

Поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков е снимен во виорот на жешки танци на улица. На Фејсбук е објавено видео како поранешниот премиер вешто ја води својата млада партнерка.

Во неделата навечер целата група на „Продолжуваме промената“ се шетала во Бургас кога наишла на импровизирана салса забава. Кога Петков помина покрај него, една од танчерите го повлече да танцува. И поранешниот премиер покажа завидни вештини.

 

Back to top button
Close