Погоден танкер во Ормуска Теснина

Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (УКМТО) соопшти дека во Ормуска Теснина, во близина на брегот на Оман е погоден танкер од „непознат проектил“.

Моторот на бродот е оштетен, но нема повредени луѓе и причинета еколошка штета.

Инцидентот се случи околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима.

Иран бара бродовите да ја користат рутата низ Ормуска Теснина долж неговиот брег, повторувајќи дека само рутата одредена од Техеран е безбедна за пловидба.

Back to top button
Close