Поголем број на патници во два автобуси на туристичка агенција од Гостивар

На 28.05.2021 во 08.10 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај с.Другово, полициски службеници од ПС за БПС Кичево извршиле контрола во два автобуси на туристичка агенција од Гостивар, управувани од Б.М.(63) од с.Балиндол, гостиварско и И.И.(51) од с.Форино, гостиварско.

При контролата било констатирано дека во автобусите се превезуваат поголем број патници од дозволениот максимум од 75% исполнетост на капацитетот на возилата кои вршат јавен превоз на патници односно не биле почитувани мерките за превоз на патници според здравствените прописи за време на епидемија. Известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close